Папата до Пасионистите: На сите им е потребна светлината на Евангелието

Папата до Пасионистите: На сите им е потребна светлината на Евангелието

Папата ги повика учесниците на Генералното собрание на Конгрегацијата на Христовите страдања, познати како оци пасиноисти, да излезат на улиците, плоштадите и сокаците во светот за да ја споделат радоста на верата.

Папата ја повика оваа монашка заедница да ја обнови мисионерската енергија, особено кога се приближува јубилејот. Тој посака ракоположените да ги насочат своите мисионерски напори „да допрат до што повеќе луѓе, бидејќи на сите без исклучок им е потребна светлината на Евангелието“:

„Без напуштање на традиционалните методи на пасторална грижа, мораме да најдеме и нови начини за луѓето да се сретнат со Господа: да излеземе на улиците, плоштадите и сокаците на светот за да ја споделиме радоста на верата“, рече Папата.

Светиот Отец истакна дека оваа мисија може да биде успешна само ако произлегува од полнотата на љубовта кон Бога и човештвото, почувствувана во контемплативниот живот, братските односи и меѓусебната поддршка. „Постојаното нурнување во молитвата и Божјото Слово е неопходно“, потсети тој.

Папата посвети посебно внимание на зачувувањето на харизмата на свети Павле од Крстот, основачот на редот на пасионистите, кој смртта на Распнатиот Исус ја сфати како највисока пројава на Божјата љубов:

„Оваа љубов е извор на сила да се надмине болката. Основачот на пасионистите почувствувал дека човештвото не е целосно свесно за оваа љубов, па затоа сакал таа да му се објави на светот“, истакна папата Фрањо.

Римскиот бискуп го привлече вниманието на релевантноста на мисијата во денешниот свет, каде што сè уште преовладуваат сиромаштвото, војните и страдањата. Тој ја повика конгрегацијата да направи се што е можно за да не бидат залудни болките и страдањата, бидејќи во нив е присутен Христос, кој им дава смисла на сета човечка болка и очај.

Светиот Отец се осврна и на темата надеж, која е тесно поврзана со харизмата на конгрегацијата на пасионистите.

„Надежта се раѓа од уверувањето дека смртта и воскресението Христово е победа на животот и љубовта, дека по смртта животот продолжува и љубовта се излева врз човештвото преку дарот на Светиот Дух. Ако ништо не може да ја потисне способноста на човекот да љуби, тогаш ништо не е изгубено, ниту една ситуација не е безнадежна Надежта се заснова на оваа сигурност на верата“, истакна Папата.

На крајот од својот говор, Папата го даде примерот на Дева Марија, која преку својата вера и служење ја потврди важноста да се прошити веста за спасението. Тој ги повика пасионистите, како Марија, да не брзаат во времето (krónos), туку со љубов (kairós), да им донесат помош на сиромашните, болните и сите на кои им е потребна.

Господ нека го благослови секој од вас, вашето монашка заедница и вашето послание!“, го заврши својот говор Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот