Папата до партнерите на Јубилејот: Благодарение на вас, Рим имаше гостопримливо лице

Папата до партнерите на Јубилејот: Благодарение на вас, Рим имаше гостопримливо лице

На средбата со претставниците на институциите кои соработуваа на Јубилејот, во сабота 10 јануари 2026 година, папата Лав ја изрази својата благодарност за нивниот „разновиден придонес, честопати скриен“ во текот на целата година и ги охрабри да продолжат да носат надеж во своите срца.

Во салата за аудиенција на Павле VI, папата Лав XIV го започна своето саботно утро со поздравување на властите, како и на членовите на граѓанските и црковните институции кои придонесоа за прославата на Јубилејната година на надежта. Поточно, Папата ја изрази својата благодарност до италијанската влада, безбедносните сили и сите вклучени Дикастерии, заедно со многу други.

Овие организации и институции, објасни тој, „понудија разновиден придонес, честопати скриен, секогаш со предизвици и полн со одговорност, благодарение на што повеќе од триесет милиони ходочесници беа во можност да учествуваат на Јубилејното ходочестие“.

Надежта е дел од тоа да се биде ходочесник

Овие посети на Светите Врати и гробовите на апостолите беа опипливи искуства на надеж што не разочарува. Папата Лав истакна како Свети Августин пишува дека „надежта е неопходна во состојбата на ходочесниците“, а овие волонтери им овозможија на посетителите повторно да ја откријат надежта.

Светиот Отец особено го нагласи големиот број млади луѓе кои дојдоа во Вечниот град од сите краеви на светот. Тој го опиша нивното сведоштво како прекрасно затоа што беа „толку различни еден од друг, а сепак обединети и пристојни (исто така благодарение на вашата драгоцена служба!)“

Секој, тврдеше тој, имаше одговорност кон овие млади луѓе и нивната иднина. Затоа, ги охрабри волонтерите да се прашаат во светлината на искуството на Јубилејот: Што навистина им е потребно на овие млади луѓе? Каде можат да откријат вистински одговори на најдлабоките прашања што ги имаат во своите срца?

Важно е да имаат добри примери од кои можат да се потпрат за нивниот патот кон светоста. Можат да се потпрат на примерите на Свети Пјер Џорџо Фрасати и Свети Карло Акутис.

Нека расте семето на надежта

Во Булата за отворањето на Светата врата во 2024 година, папата Фррањо упати апел за надежта со овие зборови: „Да си дозволиме уште сега надежта да нè привлече и да ѝ дозволиме преку нас да стане заразна за сите што копнеат по неа“.

Повеќе од една година подоцна, неговиот наследник, папата Лав, ги повтори тие зборови „повикот што го носиме со нас, како плодно продолжение на завршеното дело“, нека придонесат добрите семиња што се положени во нашите срца да продолжат да растат.

завршувајќи, Светиот Отец им подари на волонтерите „мал знак на благодарност, Јубилејното Распетие: минијатура од крстот со славниот Христос што ги придружуваше ходочесниците“. Тој им го подари како потсетник за единственото искуство што го имаа.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот