Папата Фрањо преку видео пораката се обрати до народот на Маурициус кој ќе го посети на 9 септември во рамките на својата Апостолска посета на Мозамбик, Мадагаскар и Маурициус од 4 до 9 септември.
Посетата на Маурициус на 9 септември, ќе биде последна од етапата во рамките на Апостолската посета на папата Фрањо на Мозамбик, Мадагаскар и Маурициус од 4 до 9 септември. На народот на Маурициус Папата му се обрати преку видео порака велејќи:
Се приближува апостолското патување кое ќе ме однесе до вашиот прекрасен остров. Веќе од овде од Рим срдечно ве поздравувам и ви кажувам големо благодарам затоа што знам дека веќе долго се подготвувате за таа средба. Ќе ми биде радост да го навестам Евангелието на вашиот народ кој се одликува со тоа што се случи средба на различни етнички групи и затоа ужива богатството на различни културни и верски традиции.
Католичката Црква од своите почетоци е испратена до сите народи, ги зборува сите јазици на светот. Но вие знаете дека љубовта е јазикот на Евангелието. Нека Господ преку застапувањето на Дева Марија дозволи да се навести Евангелието со силата на Светиот Дух за сите да можете да го разберат и прифатат. Ве молам овие денови да ги умножите своите молитви, додека јас веќе ве носам во срцето и се молам за вас. Ви благодарам! Се гледаме наскоро! – рече папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк