Папата до монаштвото: Излезете од своите сигурни зони

Папата до монаштвото: Излезете од своите сигурни зони

По повод 4000 број на списанеито „La Civiltà cattolica“ објавени се извадоци од разговорот на папата Фрањо со монашките поглавари одржан на 25 ноември минатата година во салата Павле VI. На средбата присуствуваа 140 монашки поглавари, а Папата на нивните прашања одговараше околу три часа.

Светиот Отец тогаш рече дека расудувањето треба да игра важна улога во формацијата на младите за животот, а посебно за свештеничките и монашките кандидати. „Тоа моментално е еден од најголемите проблеми во свештеничката формација. Навикнати сме на формули, на црно-бело, но не и на сивите нијанси на животот. Но, важен е животот, а не формулата. Затоа е важно да се расте во расудувањето,“ рече папата Фрањо. Логиката на црно-бело нѐ води само во апстракција; расудувањето напротив значи да се оди напред низ сивилиото на животот согласно на Божјата волја, а Божјата волја се бара во согласност со вистинската наука на Евангелието, а не во фокусирањето на апстрактна доктирна – истакнал тогаш Папата..

Говорејќи за редовната Епископска синода која ќе се одржи во октомври 2018 година, на тема „Младите, верата и расудувањето за звање,“ Папата истакна дека Црквата мора да ги следи младите на нивниот пат кон зрелоста затоа што младите единствено со помош на расудувањето, а не апстракцијата можат да го откријат својот животен пат и во својот живот да бидат отворени за Бог и светот.

Светиот Отец се осврна и на прашањето за маријанските побожности. Предупреди дека Пресвета Богородица не е раководител на поштата во која секој ден испраќа поинакво писмо, во кое денес пишува: „Деца мои, направете го ова,“ а еден ден подоцна: „направето го она.“ Вистинската Богородица е она која го раѓа Исус во нашето срце, таа е Мајка. Да се смета Дева Марија за супер ѕвезда односно како она која сака да биде во центарот на вниманието не е католички – рече Папата.

Папата Фрањо рече дека во својата внатрешност е помирен отколку како надбискуп на Буенос Аирес кога бил нервозен и загрижен: сега напротив живеам во мир.

Нагласил дека монашкиот живот мора да биде радикален во пророкувањето. „Да се биде радикален во проркувањето е гласовито sine glossa, да се живее правилото sine glossa, да се живее Евангелието sine glossa“ – односно без сувишни додатоци – истакна папата Фрањо. Со други зборови Евангелието би требало да се зема без средства за смирување. Тоа е она што го правеле нашите основачи и во нив треба да ја бараме радикалната природа на пророкувањето – рекол Светиот Отец и додава: „Тие нѐ потсетуваат дека сме повикани да излеземе од своите сигурни зони, отфрлете сѐ што е световно.“ Освен тоа Папата на присутните ги предупредил дека и аскезата може да биде световна, а не пророчка ако со неа сакаме да покажеме колку сме силни и добри. Исто така рекол дека монасите и монахињите можат да помогнат да се надмине „световниот и кралски став“ кој постои во црковните структури. (…)

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот