„Младите, Црквата и општеството“ е темата на Националниот форум на млади, кој се одржа од 23 до 25 август во Асунсион, Парагвај. Со тој настана завршија трите години посветени на младите, коако што беше одредила локалната Црква. На крајот од работата, за време на завршната Литургија е прочитана пораката од папата Фрањо.
Како плод на тоа милосно време во кое можевте да размислувате за централната положба на верата – стои во пораката – прифатете го Исус Христос кој ве повика да бидете негови пријатели, како би останале со Него и какао би можеле да донесете многу плод. Истовремено, Папата ги поттикна младите да го слушаат гласот Господов кој поединечно, но и како заедница ги праќа да бидат ученици мисионери, сведоци на добрата вест за спасение меѓу најсиромашните. Пораката која ја потпиша Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, ја прочита монс. Пјер Хубинвиле, бискуп на Сан Педро, одговорен за форумот.
Скоро 600 учесници, претставници на бискупии и апостолски викаријати во таа земја, учествуваа н средбата која опфаќаше моменти на слушање, сведоштва и работилници посветени на теми кои младите најмногу се заинтересирани на црковно и општествено поле во денешен Парагвај.
Ватикан њуз/к.мк