Папата Фрањо испрати порака по повод XXI Средба на националните повереници за пасторал со младите од Латинска Америка и Карибите (ELARNPJ), која се одржува од 15 до 20 јули во Асунсион. Папата ги охрабрува младите мажи и жени да му дозволат на Христос да го претвори природниот оптимизам во вистинска љубов.
Младоста е период од животот кој обично се карактеризира со природен оптимизам, енергија и надеж. Дозволете Му на Христос да го претвори вашиот природен оптимизам во вистинска љубов, во љубов која знае да се жртвува, која е чесна, вистинита и искрена, па вашата младост ќе биде подарок за Исус и за светот – напиша папата Фрањо по повод XXI Средба на националните повереници за пасторал со младите од Латинска Америка и Карибите (Elarnpj), што се одржува во Асунсион, Парагвај, од 15 до 20 јули. Темата на средбата е вдахновена од познатите зборови на Исус, кои ги упати воскреснувајќи го мртвиот син на вдовицата од Наин, koi се спомнуваat во Евангелието според Лука, а гласat: „Момче тебе ти велам , стани!“
Не плашете се да го пуштите Христос да влезе во вашиот живот
По тој повод, Папата испрати писмо до бискупот Пјер Јубинвил, повереник за пасторал со млади во Парагвај, и кратка порака упатена директно до младите присутни во главниот град на таа јужноамериканска земја, и двете на шпански јазик. Во писмото до епископот, Папата размислува за младоста како подарок што треба да му се понуди на Господ. Во врска со темата на средбата, тој истакнува дека повикот „стани“ не значи само одговорност на новите генерации, туку и Христова желба да ги види младите луѓе обновени, полни со енергија за да живеат достоинствен и целосно реализиран живот; практично нов живот во заедништво со Него. Не плашете се од Господ кој поминува покрај нас и ни шепоти на уво, се наведнува и ни ја подава раката да нè подигне секој пат кога ќе паднеме – објаснува папата Фрањо и додава: Нѐ сака на нозе, воскреснати. Не плашете се да го пуштите во вашиот живот.
Протагонисти на синодалната и мисионерската црква
Светиот Отец потоа ги охрабрува младите заедно со децата, возрасните и постарите да бидат протагонисти на една сè посинодална, ученичка и мисионерска Црква во меѓугенерациско заедништво. На крајот, им се заблагодарува на младите од Парагвај за нивната посветена работа за организацијата на средбата во Асунсион и побара да се молат за неговата пасторална служба.
Порака до младите
Во пораката упатена директно до младите, папата Фрањо ја пофали методологијата предложена за работа на средбата и ги охрабрува учесниците, кои – како што напиша – се „сегашноста“, секогаш да бараат единство меѓу различностите за да се зајакне верата и христијанското сведоштво во нивните заедници.
Ватикан њуз/к.мк