По повод Светскиот јубилеј на образованието, папата Лав XIV ја прими на аудиенција Организацијата на католичките универзитети на Латинска Америка и Карибите. Тој ги охрабри универзитетите да станат „пат на мислите до Бога“ и да работат за интегралниот развој на личноста – на совршен, компетентен и професионален начин.
Да се образуваат критички умови, срца кои веруваат и граѓани посветени на општото добро – тоа е пораката на папата Лав XIV до католичките универзитети во неговото обраќање во петок 31 октомври 2025 година, до ODUCAL, Организацијата на католичките универзитети на Латинска Америка и Карибите. Оваа организација обединува повеќе од сто универзитети во четири региони: Андите, Бразил, Мексико и Карибите. Папата ги прими во аудиенција по повод Светскиот јубилеј на образованието – видлив знак на соработката и наклонетоста, како што рече во својот говор на шпански, што треба да ја карактеризира вашата организација.
Свесни сте дека меѓу целите на оваа мрежа од повеќе од сто институции е унапредувањето на католичкото високо образование и служењето на општеството, создавајќи простори за средба меѓу верата и културата, за да може Евангелието да биде присутно и проповедано во универзитетската средина.
Целосна човечност
Папата, кој ја започна средбата со личен поздрав до сите присутни, се осврна на мисијата на универзитетите во рамките на Католичката црква. Денес католичкиот универзитет е еден од највредните ресурси што Црквата му ги нуди на нашето време и е израз на Божјата љубов кон човечката личност – рече тој, цитирајќи го папата Фрањо.
Затоа, повикот на Папата до универзитетите е тие да станат неспоредливи центри на креативност и ширење на знаењето во корист на човештвото, во кои заедничкиот напор на интелигенцијата и верата ќе им помогне на луѓето целосно да ја реализираат својата човечност.
Критички ум и верно срце
Осврнувајќи се на универзитетскиот живот во Латинска Америка, папата Лав XIV нагласи дека Црквата е движечка сила за образованието. Некои политехнички училишта, како оние во Санто Доминго и Сан Маркос де Лима, биле основани по иницијатива на епископи, монашки лица и мисионери.
„Универзитетите што ги претставувате,“ истакна Папата, „се повикани да станат пат на мислите до Бога, со што го воплотува католичкиот идентитет по кој треба да бидат препознаени.“
Предлогот за католичко високо образование, рече тој, не е ништо друго освен потрага по интегралниот развој на човечката личност – образување критички умови, срца кои веруваат и граѓани посветени на општото добро. И сето тоа, на одличен, компетентен и професионален начин.
Образовни предизвици
На крајот, Папата ги охрабри универзитетите да продолжат со мисијата што им ја довери Црквата, и покрај предизвиците со кои се соочува образованието денес, правејќи го тоа креативно, свесно и со милоста што го придружува секој чекор.
Ватикан њуз/к.мк

