Папата до католичките лекари: Да се лекува значи и да се почитува дарот на живот од зачнување до природната смрт
Папата Фрањо во сабота 22 јуни 2019 година во Ватикан прими околу 500 претставници на Меѓународното здружение на католички лекари, кои се собраа во Рим да го посветат своето здружение на Пресветото Срце Исусово
Истакнувајќи дека по Исусовиот пример пацинетите треба да се прифаќаат сериозно и да се биде близи до оние кои поради болест поминуваат низ тешки ситуации. Папата ја поздрави одлуката н а католичките лекари своето здружение да го посветата на Пресветото Срце Исусово и им вети дека ќе моли за да таа посвета донесе плод на секој од нив.
Грижата за болните е една од важните карактеристики за Црквата, Христовото послание првенствено е означено со приближување до болните, посебно оние кои поради неа се исфрлени на работ од општеството и на тој начин ја поништува нивната осуда која често ги означувале како грешници, а со својата близнина им ја искажа бескрајната љубов на Бог Отецот – рече Папата додаваји дека при тоа е важна посветеноста со оја Исус се грижеше за оние во потреба.
Човекот е единство од дух, душа и тело и Исус јасно кажа дека никогаш не оздравува само дел од човекот, некогаш поаѓа од телото понекогаш од срцето, но секогаш се обновува целосноста, а односот понекогаш не престанува со самото оздравување. Исусовиот однос со оние во потреба е личен и богат, не механички и дистанциран – предупреди Папата.
Светиот Отец ги повика католичките лекари да го следат Исусовиот пример. Тоа се состои и во почитување на достоинството, како на телесниот, така и на духовниот интегритет, треба внимателно да се слуша и одмерено да се одговара, но во одредени моменти треба да се знае и да се молчи. Лекарите истовремено ги повика на своите пациенти да им даваат охрабрување и надеж, затоа што без надеж не може „ниту да се лекува ниту да се излечи“. Спомнувајќи ги техничките и тераписките достигнувања на денешницата, Папата потсети да се лекува значи и да се почитува дарот на живот од зачнување до природната смрт, затоа „што ние не сме поседници, животот ни е доверен и лекарите мора да му служат.“
Ватикан њуз/к.мк