Во пораката упатена до неговото блаженство Свјатослав Шевчук, папата Фрањо им се обраќа на епископите собрани во Полска на синода, уште еднаш изразувајќи ја својата близина со украинскиот народ: Црквата нека биде место од каде се црпи надежта.
Моделот е секогаш ист, оној пастир кој мириса на овците. Мисла драга на папата Фрањо, која повторно им ја нагласи на украинските источно-католички епископи кои се собраа од 7 до 15 јули на синода во Пшемисл, Полска, место избрано како алтернатива на Киев, каде што не е можно да се одржи собирот поради војната. Прво, Папата пред сѐ ја ветува неговата молитва и блзина со страдањата на украинскиот народ.
Потсетувајќи се на денот на сеќавањето на мачениците на Источната католичка црква во Украина, прославен на 27 јуни – зборуваме за мачениците кои Иван Павле Втори ги подигна во чест на олтарот, за време на неговото патување во Украина во 2001 година. Папата Фрањо истакна дека сегашните околности на конфликтот ги прават поразбирливи ситуациите на тие свештеници, монаси и монахињи, жртви на комунистичкиот режим. И ги охрабрува украинските источно – католички епископи дека нивната цел е доброто на Црквата и на секој верник. Затоа Црквата нека биде место на средба и взаемна помош, особено во придружбата на верниците.
Папата Фрањо го истакна ова на средбата со големиот архиепископ на украинските источни католици, неговото блаженство Свјатослав Шевчук, со кого се сретна заедно со митрополитите во Рим во 2019 година. Преземајќи клучен пасус од тој говор, во пораката што сега ја испрати до синодата во Полска, Папата истакнува дека близината на пастирот со верниците е канал кој се гради од ден на ден и кој ја носи живата вода на надежта. Таа е изградена на секоја средба, со свештеници кои ги знаат и ги земаат при срце грижите на луѓето и со верници кои преку грижата што ја добиваат ја усвојуваат пораката на евангелието што им ја пренесуваат пастирите. Црквата – заклучи папата Фрањо со поттик кој го повтори во пораката – нека биде место каде што се црпи надежта, каде што секогаш има отворена врата, каде се добиваат утеха и охрабрување.