Папата до епископите од Руската федерација: Бидете со народот

Папата до епископите од Руската федерација: Бидете со народот

Папата Фрањо ги прими во аудиенција во Ватикан католичките бискупи од Руската Федерација, кои овие денови се во Рим по повод својата редовна посета „Аd limina“. На аудиенцијата која се одржа на 29 јануари 2018 година Папата ги прими следните епископи: архиепископот Паоло Пеци (архиепископ на Епархијата Божја Мајка во Москва), монс. Јосиф Верт (епархија Преображение во Новосибирск, епископ за верниците од византиски обред на територијата на Руската Федерација), монс. Кирил Климович (епархија на Свети Јосиф во Иркутск и Апостолската Префектура во Јужен Сахалинск), монс. Клеменс Пикел (епархија на Свети Климент во Саратов).

Во интервју за Ватиканњуз, архиепископот Паоло Пеци истакна дека имале скоро двочасовната средба со Светиот Отец, која поминала во срдечна атмосфера и отвореност. Пред сè, Папата беше заинтересиран за животот на епископите во Русија и нивната пастирска активност. Се зборуваше за улогата на пастирот: како да бидеме поблиску до луѓето и како да ги развиваме нашите активности за Божјиот народ, но и заедно со него, појасни монс. Пеци.

Опишувајќи ја ситуацијата во католичките парохии, архиепископ Пеци направи споредба со „рождествена атмосфера“ во која верните го очекуваат доаѓањето на Господа. Во оваа смисла, додаде архиепископот, можеме да кажеме дека доживуваме период на голема надеж и обнова. Се разбира, тоа не значи време на триумфализам, туку период на смирена мисија за придружување на луѓето во секојдневниот живот, посебно сиромашните. Би рекол дека надежта го карактеризира сегашниот момент.

На прашањето за односите со Православната Црква, монс. Пеци се присетува на средбата на Папата со рускиот патријарх Кирип пред две години во Куба и пред сè ја истакна зголемената соработка на полето на заедничкото христијанско сведочење. Реализирани се и продолжуваат да се спроведуваат католичко-православни иницијативи за заштита на животот и семејството, грижа за зависниците и други активности на локално ниво, но со можност за учество на католици од други земји во светот.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот