Папата до градоначалникот на Рим: „За вас и со вас сум Римјанин“

Папата до градоначалникот на Рим: „За вас и со вас сум Римјанин“

Папата Лав XIV го посети плоштадот Аракоели во Рим, во близина на седиштето на градската управа на Рим, каде што беше пречекан од Роберто Гвалтиери, градоначалник на Рим.

На пат кон Римската катедрала во недела попладне, 25 мај 2025 година, папата Лав XIV застана на Капитол во Рим, седиштето на градската администрација, каде што беше пречекан од градоначалникот Роберто Гвалтиери.

Во неговото кратко обраќање, Папата им се заблагодари на градоначалникот и на присутните граѓански власти за нивното топло добредојде и изрази надеж дека „Рим секогаш ќе се одликува со вредностите на човештвото и цивилизацијата кои црпат живот од Евангелието“.

Парафразирајќи го Свети Августин, папата Лав им порача на Римјаните: „Денес можам да кажам дека за вас и со вас сум Римјанин!“

Тој ја повика градската администрација и сите Римјани да работат заедно со него за ширење на Евангелието.

„Два милениума Црквата го извршуваше својот апостолат во Рим, проповедајќи го Евангелието Христово и посветувајќи се на дела на милосрдие“, рече тој. „Воспитувањето на младите, грижата за оние што страдаат, служењето на најмалите меѓу нас и негувањето на уметноста се изрази на таа грижа за човечкото достоинство што секогаш мора да го почитуваме, особено кон најмалите, слабите и сиромашните.“

На крајот, папата Лав XIV му заблагодари на Рим за топлиот прием на милиони ходочесници за време на Јубилејот на надежта во 2025 година.

„Во оваа Света Јубилејна година, оваа грижа се однесува на ходочесници кои доаѓаат од сите делови на светот, а е помогната со напорите на градската администрација, за што изразувам искрена благодарност“, рече папата Лав XIV.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот