Бидете заљубени во Бог, сведоци на Неговата љубов, вкоренети во светлата историја на Црквата во Литванија.
Бидете заљубени во Бог, сведоци на Неговата љубов, вкоренети во светлата историја на Црквата во Литванија – рече папата Фрањо на 23 септември во катедралата Свети Петар и Павле во Каунас среќавајќи се со богословите, свештениците, монасите и монахињите.
Гледајќи ве вас гледам многу маченици кои се ваши претходници. Вие сте деца на маченици. Тоа е вашата сила – рече Папата и поттикна: Нека духот на светот не ви зборува поинаку од она што го живееле вашите претходници. Сеќавајте се на своите маченици кои ви се пример затоа што не се плашеле.
Потсетувајќи дека искушението на средната генерација свештеници, монаси и монахињи е да ја чувствуваш повеќе радоста заради повикот и да се живее во досада, во согласност со „духот на секуларизацијата“, Папата во својот говор истакна дека тие не се „служители Божји“ за општеството на благосотојба да ги заситува и оптеретува, затоа треба да молат, да обожаваат и да ја негуваат желбата за Бог.
Повикувајќи на служење на народот слушајќи, делејќи го недостатокот на чувството за смислата со младите и чувството за осаменост со старите, Светиот Отец нагласи дека нивното присуство не смее да биде препуштено на импровизација, туку мора да одговара на потребите на луѓето. Слушањето на Божјиот глас во молитвата ни дава да видиме, да слушнеме и да ги препознаеме болките на другите за да ги ослободиме. Мора да почувствуваме кога нашиот народ престанува да ја бара водата која ја гаси жедта и да го откриеме тоа што го умртвува неговиот глас.
Обраќајќи се на младите монаси и монахињи и богослови, папата Фрањо ги предупреди – подобро е да тргнете по некој друг пат отколку да живеете во просечност. Сѐ уште имате време, вратата е отворена. Им препорача да го гледаат патот по кој поминале старите, а старите ги замоли да поучуваат, проповедаат и предлагаат.
Насилството кое сте го претрпеле за да ја одбраните граѓанската и верската слобода; клеветите, затворањата, депортацијата не ја надминале вашата вера во Исус Христос Господарот на историјата – рече Папата и нагласи: Христијанската надеж се храни со неволјите; луѓето кои тоа го живеат се отвораат за другите и остваруваат единство кое ја надминува себичноста. Господ нѐ повикува, оправдува и прославува заедно вклучувајќи го сето создадено. (…)
Не смееме да дозволиме да нѐ обземе жалост која е болест – истакна папата Фрањо и објасни: Можеме да бидеме тажни затоа што не сме заљубени во Господ. Сте се откажале од бракот и семејството и сте одлучиле да го следите Господ. Кога сте изморени и тажни застанете. Побарајте мудар свештеник или монахиња кои напредуваат во љубовта и побарајте од нив совет.
Жалоста која е поврзана со чувството дека вашиот повик станал работа во која нема простор за љубовта и апостолската ревност ќе победите ако бидете близу до Дарохранителницата и до луѓето – рече Папата повикувајќи ги уште еднаш свештениците и монасите да не бидат службеници, туку милосрдни пастири, а монахињите да бидат мајки, слика на Пресвета Богородица и на Црквата. Ако тоа го правите и кога ќе остарите ќе имате насмевка на лицето затоа што ќе имате душа полна со нежност, благост, милосрдие, љубов, татковство и мајчинство – заврши Папата.
Ватикан њуз/к.мк