Папата: Да се поклонуваме на Бог во тишина

Папата: Да се поклонуваме на Бог во тишина

Да се научиме да посветуваме време за коленоприклонета молитва, уште сега да започнеме да го правиме она што ќе го правиме на Небесата. Тоа беше повикот упатен од папата Фрањо на утринската литургија на 5 февруaри 2018 година во капелата на домот Света Марта во Ватикан, коментирајќи го првото литургиско читање (3 Царства 8, 1-7.9-13), во кое се зборува за тоа како цар Соломон го повикува народот да се искачи кон храмот, за да го пренесе ковчегот на заветот Господов од Давидовиот град”.

Тоа значи да се оди по ридот, како би се одржал сојузот, преку кој народот ја живее својата историја „сеќавањето на избор“- рече Папата и продолжи: Народото го носеше законот напишан на две камени плочи, таков каков што беше даден од Бог, а не „како што книжниците го научија народот, кои го „барокизираа“ со бројни дополнителни прописи. Еден чист завет: те сакам, ме сакаш. Првата заповед е да се љуби Бог, а втората е се љуби својот ближен. Во ковчегот на заветот нема ништо друго, освен двете камени плочи”, рече Папата.

Народот го пренесе ковчегот во светилиштето и штом свештениците излегоа, облакот, славата Господова го исполни храмот. Тогаш народот почна да се моли на колена: „од саможртвата за време на искачувањето до тишина, до понизна коленоприклонета молитва”. „Многу пати си мислам – рече Папата – дека не го учиме нашиот народ на коленоприклонета молитва. Да, го учиме да се моли, да пее, да го фали Бог, но не и на коленоприклонета молитва, на молитва која нѐ понижува, но не нѐ уништува: понижувањето на коленоприклонета молитва ни дава благородништвото и величие”.

Оттука и повикот на Папата е да го научиме народот уште сега на коленоприклонета молитва, она што ќе го правиме во Небесата. „Но таму можеме само да дојдеме преку сеќавањето, дека сме биле избрани и дека во срцето носиме едно ветување што нè упатува да одиме со заветот во рацете и срцето. Секогаш на пат: еден тежок пат, едно искачување, но на пат кон коленоприклонета молитва”.

„Пред славата на Бог, зборовите исчезнуваат, не знаеме што да кажеме”, додаде Светиот Отец. „Како што стои во литургиското читање за утре, Соломон, успева да каже само два збора: чуј, Господи и прости”. Тоа беше и повикот на папата Фрањо на крајот на проповедта: „Да застанеме на коленоприклонета молитва со целата наша историја и да молиме: чуј и прости. Добро ќе биде за нас ако денес одвоиме малку време за молитва, со сеќавањата за нашиот пат, сеќавањата за добиените благодати, сеќавањата за изборот, за ветувањето за заветот и да се стремиме да одиме нагоре, кон коленоприклонета молитва и во оваа молитва со големо смирение да ја кажеме оваа мала молитва: чуј, Господи и прости”.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот