Папата: Да одиме во пресрет на другиот за да го прифатиме

Папата: Да одиме во пресрет на другиот за да го прифатиме

Папата Фрањо упати порака до учесниците на колоквиумот помеѓу Светиот Престол и Мексико, кој се одржа на тема меѓународната миграција.

Во својата порака потсети на основната работа која треба да ја имаме на ум дека мигрантите и бегалците не се само бројки, туку луѓе кои имаат своја историја, култура, чувства и стремежи.

Неопходна е промена на менталитетот: премин од размислување за другиот како опасност за нашата удобност во тоа да го почитуваме како некој кој со своето животно искуство и вредности може да направи многу и да донесе богатство за нашето општество. Од таа причина основниот став е да се оди во пресрет на другиот за да го прифатиме, запознале и признале – стои во пораката на Папата до учесниците на колквиумот помеѓу Светиот Престол и Мексико за меѓународната миграција, кој се одржа на 14 јуни 2018 година во летната резиденција Пио IV во Ватикан, односно во седиштето на Папската академија за наука. Пораката на Папата ја прочита надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар на Светиот Престол за односи со државите.

Потсетуваме дека колоквиумот помеѓу Светиот Престол и Мексико за меѓународната миграција е организиран по повод 25 годишнината од повторното воспоставување на дипломатските односи помеѓу двете држави. Станува збор за поволна прилика за зајакнување и обновување на нивните врски за соработка и пријателство за да продолжат заедно да работат во корист на оние во потреба и оние кои општеството ги отфрлило.

Мигрантите и бегалците не се само бројки, туку луѓе

Земајќи ја во предвид моменталната глобална димензија на миграцискиот феномен и неможноста за бројни држави да се соочат со таа хуманитарна криза, Папата во меѓународната соработка во сите фази на миграцијата го препознава конкретниот и достојниот одговор на тој хуманитарен предизвик. Во својата порака потсетува дека основната работа која треба да ја имаме на ум е дека не станува збор за бројки, туку за луѓе кои имаат своја историја, култура, чувства и стремежи. Папата Фрањо додаде дека тие луѓе се наши сакани браќа и сестри на кои им е потребна постојана помош, независно од нивниот миграциски статус.

Срушете ги ѕидовите на удобно и тивко учество

Потоа го сврте вниманието на децата мигранти на нивните семејства и посебно на жртвите на трговијата со луѓе и суровите конфликти. Сите тие се надеваат дека ќе имаме храброст да го срушиме ѕидот на тоа удобно и тивко учество кое им ја влошува ситуацијата на напуштеност и дека кон нив ќе го свртиме своето внимание, своето сочувство и својата посветеност – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот