На крајот од генералната аудиенција на 13 ноември 2024 година, папата Фрањо уште еднаш повика на прекин на конфликтите во светот, охрабрувајќи ги верниците да не ги заборават напатените Украина, но и Палестина, Израел, Мјанмар и другите области во светот погодени од конфликти. Тој повторно ги спомна 150-те палестински цивили кои беа митралезирани, невини
„Многу ни е потребен мирот…“
Завршувањето на конфликтите во сите завојувани земји повторно беше во центарот на апелот на папата Фрањо на крајот од неговата генерална аудиенција во среда, 13 ноември.
Апел за Украина
Напатената Украина страда, да не ја заборавиме Украина – е апелот на Папата поврзан со актуелните настани и првиот ракетен напад по 73 дена врз главниот град Киев. Комбиниран воздушен напад со проектили и 90 беспилотни летала кои, како што напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски, биле соборени од противвоздушна одбрана.
Меѓутоа, не е само Украина во мислите на папата Фрањо, кој бара да не се заборават Палестина, Израел, Мјанмар и бројните земји кои се во војна. Како што веќе неколку пати направи во неговите апели за мир, Папата ја спомна групата невини Палестинци кои беа митралезирани. Станува збор за 153 убиени цивили додека оделе по улица – рече Папата на крајот од генералната аудиенција на 6 ноември и праша – Каква врска имаат децата и семејствата со војната? Тие се први жртви – истакна тој ден папата Фрањо, зборувајќи за тој настан, веќе спомнат во уште во претходна аудиенција, на 30 октомври.
Ватикан њуз/к.мк