Папата: Да молиме за милоста срам и да не ги судиме другите

Папата: Да молиме за милоста срам и да не ги судиме другите

Не судете и нема да бидете судени – истакна папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта, која ја служеше во понеделник 26 февруари 2018 година, повторувајќи го повикот од литургиското евангелие токму во Великиот пост кога Црквата повикува да се обновиме. Имено, никој нема да може да побегне од Божјиот суд, личниот и општиот, сите ќе бидеме судени. Имајќи го тоа на ум, Црквата нѐ повикува да размислуваме за тоа какво е нашето однесување кон Бог и другите.

Црквата нѐ повикува да не ги осудуваме другите, напротив да им простуваме. Некој можеби ќе каже: „Но ние никогаш не осудуваме, не се однесуваме како судии“ – на ваквто однесување предупреди Папата и повика да го преиспитаме нашето однесување. Колку пати тема на нашите разговори е да се осуди другиот! Тоа не е добор. Кој те поставил за судија? Да се суди другиот е лоша работа, бидејќи единствениот судија е Господ, кој ја познава човечката склоност да суди – предупреди Светиот Отец.

Нашите средби, ручеци, што и да е, да кажеме дека траат два часа; од тие два часа, колку минути трошиме за да се суди другиот? – праша папата Фрањо и додаде: На тоа треба да се каже ‘не’. Бидете милосрдни! На тоа пак треба да се каже ‘да’. Бидете милосрдни како што е Отецот ваш милосрден. Уште повеќе, бидете великодушни. Дајте и ќе ви се даде. Што ќе ни биде дадено? Добра мера, набиена, полна и преполна. Ќе ни се даде изобилство од Божјата великодушност, тогаш кога ќе бидеме исполнети со изобилство од своето милосрдие, бидејќи не судиме. Значи, да бидеме милосрдни кон другите, бидејќи во исто време Господ ќе биде милосрден кон нас.

Другиот дел од денешната порака на Црквата е повикот на понизност пред Бог, кој се објавува кога се признаваме како грешници – истакна Папата и продолжи: Знаеме дека Божјата правде е милосрдие. И затоа треба да кажеме: На тебе ти припаѓа правдата, а на нас срамот. Кога Божјата правда ќе се сретне со срамот, се случува простување. Веруваме ли дека сме грешиле против Господ? Веруваме ли дека Господ е праведен? Верувам ли дека е милостив? Дали се срамуваме пред Господ, бидејќи сме грешници? Едноставно треба да кажеме: На тебе ти припаѓа правдата, а на нас срамот. Да молиме за милоста срам.

На крајот Светиот Отец рече дека луѓето кои прават зло на неговиот мајчи јазик се нарекуваат ‘бесрамници’ и повторно повика да бараме милост, пред Бог никогаш да не ни недостасува срам. Срамот е голема милост. Тој ни помага да се присетиме на однесувањето кон ближниот, дека со истата мера со која судиме, ќе бидеме судени. Не смееме да судиме. Ако нешто кажеме за другиот, тоа нека биде великодушно и со големо милосрдие. Однесувањето пред Бог, тука е важен тој дијалог. На тебе Господи ти припаѓа правдата, а на нас срамот! – со тие зборови ја заврши својата проповед папата Фрањо.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот