Милиони луѓе се жртви на трговијата со луѓе, а многу од нив се мигранти, предупреди папата Фрањо во молитвената накана за месец февруари 2020 година
Не е познат точниот број на жртвите од трговијата со луѓе, проценките се движат од 18 до 50 милиони луѓе, од кои повеќето се жени.
Во видео порака Папата се фокусира на болните точки: Мигрантите се често жртви на трговијата со луѓе и криумчарење. Една од причините е корумпираноста на оние кои се во состојба да направат сè за да се збогатат. Таквите пари се натопени со крв. Да се молиме да го слушнеме крикот на нашите браќа и сестри кои како мигранти паѓаат во рацете на бескрупулозните криумчари, повика Светиот Отец.
Во сабота 8 февруари Католичката црква го слави Меѓународниот ден за молитва и размислување за трговијата со луѓе, кој папата Фрањо го воспостави во 2015 година, со цел јавноста да се потсети за таа трагедија и поттикна на создавање мрежа, која ќе им помага на жртвите. Црквата на тој ден се спомнува на света Бакита, прва монахиња во Европа од африканско потекло, родена во Судан која како дете и самата била робинка.
Ватикан њуз/к.мк