Папата: Да ги препознаеме празнините во нашиот живот

Папата: Да ги препознаеме празнините во нашиот живот

Минатата недела го започнавме адвентот со повикот да бдееме – рече папата Фрањо на почетокот од пладневниот наговор на 10 декември 2017 година, на плоштадот Свети Петар во Ватикан и продолжи: Денес на втората недела од ова време на подготовка за Божиќ, Литургијата нè упатува на тоа дека е време да ги препознаеме празнините кои треба да се исполнат во нашиот живот за да ја ублажиме грубоста на горделивоста и да направиме место за Исус Кој доаѓа.

Пророкот Исаија се обраќа на народот најавувајќи го крајот на прогонството во Вавилон и враќањето во Ерусалим – потсети Папата и рече дека тој пророкува: „Гласот на оној што вика во пустињата говори: „Пригответе Му пат на Господа во пустината… секој дол да се исполни…“ Долот кој треба да се исполни ги преставува сите празнини во нашето однесување пред Бог, сите наши гревови од пропуст. Празнината во нашиот живот може да биде фактот што не молиме или премногу малку се молиме. Адвентот е вистинскиот момент посилно да молиме, да одвоиме важно место за духовниот живот во нашиот живот кое што и му припаѓа. Друга празнина би можела да биде – продолжи Светиот Отец и нагласи – недостатокот на љубов кон ближниот, посебно кон оние на кои им е најпотребна помош, не само материјална, туку и духовна. Повикани сме да бидеме чувствителни на потребите на другите, на оние најближните. Како Иван Крстител, на таков начин можеме да ги отвориме патиштата на надежта во пустината на сувите срца на многу луѓе.

„Секоја планина и рид да се снизат“, поттикнува Исаија. Планините и ридовите кои треба да се спуштат се горделивоста, гневот и ароганцијата. Каде се горделивоста, ароганцијата и гневот  – рече папата Фрањо и истакна – таму не може да влезе Господ затоа што тоа срце е полно со горделивост, ароганција и гнев. Затоа мораме да ја намалиме годеливоста. Мораме да прифатиме однесување во кое владее благоста и понизноста, без викање на другите, мораме да ги слушаме другите, да им зборуваме благо и на тој начин да го подготвиме доаѓањето на нашиот Спасител, Оној кој доаѓа со благо и понизно срце.

Потоа од нас се бара – додаде Папата – да ги отстраниме сите пречки кои го оневозможуваат нашето единство со Господ: „Кривините да се исправат, и нерамните патишта да бидат израмнети! И ќе се јави славата Господова – вели Исаија – и секоја плот ќе го види спасението од Бога.“ Меѓутоа тие дела мора да бидат направени со радост – предупреди Светиот Отец и објасни – затоа што се наменети да го подготват доаѓањето Исусово. Кога чекаме дома посета од драги личности, сè подготвуваме со внимание и радост. На истиот начин сакаме да се подготвиме за доаѓањето Господово, грижливо секојдневно чекајќи го за да бидеме исполнети со неговата милост која доаѓа.

Спасителот Кој го чекаме може да го пребрази нашиот живот со својата милост, со силата на Светиот Дух, со силата на љубвота – рече папата Фрањо и потврди – навистина, Светиот Дух ја влева во нашите срца Божјата љубв, неисцрпен извор на чистење, нов живот и слобода. Дева Марија ја живеела полнотата на таа реалност дозволувајќи да биде „крстена“ од Светиот Дух која ја исполнил со својата сила. Таа која го подготвила Христовото доаѓање со целото свое битие нека ни помогне да го следиме нејзиниот пример и нека ги управува нашите чекори на средбата со Господ кој доаѓа.

По молитвата Ангел Господов – Светиот Отец потсети – денес ќе биде доделена Нобеловата награда за мир на Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје. Тоа признание се случува во исто време кога е и денот на човековите права и тоа ја нагласува силната врска помеѓу човековите права и нуклеарното разоружување. Всушност, работата за заштитата на достоинството на сите луѓе, посебно на најслабите и најсиромашните значи одлучно да се работи на градење на свет без нуклеарно оружје. Бог ни дава способност заедно да работиме на градењето на нашиот заеднички дом, да имаме слобода и памет и способност за да се служиме со технологијата и да можеме да ја ограничиме нашата моќ, во служба на мирот и вистинскиот наредок.

Задутре во Париз ќе се одржи самитот „Нашата планета“ – рече папата Фрањо – две години по усвојување на Парискиот договор за климата, што подразбира дека треба да ја обновиме ангажираноста за неговото остварување и да се обединиме околу заедничката стратегија за сузбивање на загрижувачките појави од климатките промени. Искрено се надеваме дека тој самит како и другите ангажирања кои одат во таа насока, ќе промовираат јасна свест за потребата од усвојување на реално делотворни одлуки во борбата против климатските промени и истовремено во борбата против сиромаштвото и дека ќе промовираат интегрален човеков равој.

Во овој контекст би сакал да ја изразам својата близина на индиската популација која е погодена од циклонот Охи, и народот на Албанија кој е погоден од тешки поплави – рече на крајот Папата поздравувајќи ги сите верници и ходочасници.

РВ/к.мк

Категорија: Вести

За авторот