Во име на папата Фрањо кардинал Крејевски донира 100.000 евра за потребите на миграните на островот Лезбос
Не се сеќавам! Така одговара Шела до оние кои ја прашуваат од кој дел на Азија доаѓа. Шела е тринаесетгодишно дете бегелец од Авганистан. Сега се наоѓа на Лезбос во центарот за рекреација Team Humanity, недалеку од Митилена, најголемиот град на тој грчки остров. Во центарот постојат забавни активности, кино и курсеви; тоа е организирано за околу 500 до 800 деца, благодарејќи на приватни донации, а не од фондовите на Европската унија или држави – објасни раководителот на центарот, Салам Алдеен, чија што мајка е од Данска, а татко од Ирак. Тој одлучува во 2016 година, да спасува животи во морето и потоа се посветува на најмалите.
На 8 мај 2019 година центарот го посети кардинал Крајевски, Папскиот делител на милостина, која дојде на Лезбос во придружба на монсињор Жан Клауд Холерих, надбискуп на Луксебург и претседател на Советот на европските бискупски конференции, како и монсињор Севастијанос Росолатос, надбискуп од Атина, како би ја искажале солидарноста на Папата со бегалците.
На децата од тој центар кардиналот подари посебен прилог од Папата за изградба на игралиште. Тоа не е единстсвениот гест на близина на папата Фрањо со мигрантите на Лезбос, кој се претежно од Авганистан, Ирак, Иран, Сирија иле Северна Африка. Во Грција ги има околу 70.000, од кои 14.000 само на островите, од кои 7.000 на Лезбос. Кардинал Крејевски донесе донација од 100.000 евра помош од Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк