Светиот Отец на Задушница, 2 ноември ја предводеше светата Литургија на Француските воени гробишта (Cimitero Militare Francese) во Рим. Во хомилијата истакна дека гробовите на починатите војници се крик за мир и повика економиите да не се користат за производството на оружје.
Папата Фрањо на ден порано по молитвата Ангел Господов рече дека светата Литургија е прилика за молитва за сите жртви на војната и насилството. При доаѓањето на воените гробишта, Светиот Отец ги посети надгробните споменици, каде лежат француските војници кои загинале во Втората светска војна.Молејќи во тишина, Светиот Отец остави на неколку споменици бели ружи.
Како што обично се случува во таква прилика, Папата спонтано зборуваше во хомилијата. Се присети најпрво на натписот на кој наиде на еден гроб: „Ти кој поминуваш, мисли на своите чекори, а од своите чекори мисли на оној последниот.“Сите ние, ако сакаме нешто да направиме во животот, сме на пат, а не на прошетка или во лавиринт, рече Папата. Секој од нас ќе го има последниот чекор. Важно е тој последен чекор да нè затекне на патот, а не одејќи наоколу: на патување во животот, а не во бескрајниот лавиринт, рече Папата.
Втората мисла која Светиот Отец ја истакна во хомилијата беше за гробовите на војниците. Тие добри луѓе гинеле во војна затоа што биле повикани да ја бранат својата татковина, вредностите, идеалите, а толку пати и тажни и жалосни политички ситуации. Папата го спомна и еден гроб на војник чие име е непознато. Во срцето Божјо е името на сите нас, рече тој, но тоа е трагедијата на војната. Сигурен сум дека сите оние кои доброволно отишле на повикот на татковината да ја бранат се со Господ.
Но, ние кои сме на пат, се бориме ли доволно за да нема војни, праша Папата, повикувајќи економиите да не се користат од производството на оружје. Денес проповедта би требала да биде – гледајте ги гробовите, порача Папата. Починал за Франција, стои на споменикот. Неколку имаат и име напишано, но овие гробови се повик на мир: престанете браќа и сестри, престанете. Престанете произведувачи на оружје, претсанете!
Папата ја заврши хомилијата повторувајќи ги двете мисли. Нјапрво, повика да мислиме на своите чекори, на последниот чекор – нека биде во мир. Втората мисла е гробовите навистина се крик за мир. Нека Господ ни помогне овие две мисли да ги посееме и да ги задржиме во своит срца, заврши Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк