Папата го честиташе Божиќ на вработените во Ватикан

Папата го честиташе Божиќ на вработените во Ватикан

Во говорот до вработните во Ватикан со кои во салата Павле VI се сретна за на 21 декември 2016 година Папата повторно се спротивстави на „работата на црно“.

Мораме сите секој според својата одговорност да се зазема работата да биде достојна, полна со почитување на личноста и семејството и да биде праведна – истакна Светиот Отец.

Работата е многу важна за животот на секој човек. Имено Папата поттикнува „додека се заблагодаруваме, да се молиме за луѓето и семејствата во Италија и во целиот свет кои немаат работа или кои честопати работат недостојни работи, слабо платени, штетни по здравјето… На Бог секогаш треба да Му се заблагодаруваме за работата – рече Папата додавајќи:

Мораме да се заземаме секој според својата одговорност работата да биде достојна, полна со почитување на личноста и семејството, да биде праведна. Во Ватикан имаме причина работата да биде таква: тоа е Евангелието, а треба да ги следиме и насоките на социјалната наука на Црквата. Овде во Ватикан не сакам работа која не е на таа линија: „не смее да има работа на црно, нема оправдување “ – рече Папата.

Светиот Отец потоа се заблагодари на секој работник „за секојдневното заземање во извршувањето на својата работа и напорите за добро да ја изврши, дури и тогаш кога некој не се чувствува најдобро или има проблеми во семејството…“ Ватикан е мала реалност, во Ватикан работат скоро три илјади луѓе, но сепак „успева да се почувствува како целина, на ниво на службите кои ја обликуваат, а секоја е важна – рече Светиот Отец.

Разни области на работа се блиски и поврзани, сите речиси се познаваат; а вистинско задоволство е да се види одреден ред, дека работите функционираат со сите ограничувања, секако секогаш може и треба подобро да се работи, но мило ми е да слушнам дека секој оддел ја работи својата работа и дека целината функционира за благосостојбата на сите. Тоа е лесно овде затоа што сме мала реалност, сепак тоа не ја намалува вредноста на работата и личната заслуга затоа чувствувам потреба да ви се заблагодарам – рече Папата.

Папата потсети дека ова беше Година на милосрдието. Господ на нас ова година излеа изобилство од своето милосрдие. Дали целата таа милост исчезна со завршувањето на Јубилејот? Не, таа е во нас, а треба да направиме во секојдневниот живот да донесе плод, во семејството, на работата и насекаде – рече Папата и посака: „Нека срцата ви бидат полни со милосрдие, полни со јубилејни милости, а Исус доаѓа повторно да ја запали во нас.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот