Папата Фрањо на 14 декември 2018 година го прими во аудиенција претседателот на Република Словачка, Андреј Киска, кој потоа се сретна со државниот секретар, кардинал Пиетро Паролин и секретарот за односи со државите, надбискупот Паул Ричард Галагер.
За време на срдечниот разговор се истакнати добрите билатерални односи и придонесот на Католичката црква во словачкото општество, посебно на полето на воспитување и образование. Потоа е разговарано и за некои теми од заеднички интерес меѓу кои се климатските промени и прифаќањето на мигрантите во светло на неодамнешните меѓународни средби.
На крајот е разговарано и за меѓународните односи, за мирот, безбедноста и соработката во Европа со поглед на словачкото претседателство со ОБСЕ во 2019 година
Ватикан њуз/к.мк