Папата Лав XIV го прими на аудиенција португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза. За време на разговорите во Државниот секретаријат, беше изразено задоволство од силните билатерални односи, а беа дискутирани и болните последици предизвикани од неодамнешната бура Кристин.
Папата Лав XIV во понеделник, 2 февруари 2026 година, во Апостолската палата во Ватикан го прими на аудиенција претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуза. По разговорите со Светиот Отец, португалскиот претседател се сретна со државниот секретар, кардинал Пјетро Паролин, во придружба на монсињор Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите и меѓународните организации.
Разговори во Државниот секретаријат
За време на срдечните разговори во Државниот секретаријат – се вели во соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол – уште еднаш беше изразено меѓусебно задоволство од силните билатерални односи, како и од добрите односи меѓу државата и локалната Црква. Во продолжение на разговорот, се осврнаа на болните последици и штетите предизвикани од бурата Кристин. На крајот – се истакнува во соопштението – беше спомената и општествено-политичката состојба на национално и меѓународно ниво, со посебен акцент на лусофонските земји, нагласувајќи ја важноста на постојаната посветеност на мирот во светот.
Ватикан њуз/к.мк

