Папата го прими митрополитот Антониј од Московската патријаршија

Папата го прими митрополитот Антониј од Московската патријаршија

Аудиенцијата се одржа во четврток попладне на 11 јули 2024 година. Ова е четврта средба меѓу папата Фрањо и Митрополитот, претседател на Одделот за надворешни црковни односи

Папата Фрањо во аудиенција го прими митрополитот Волоколамски Антониј, претседател на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија. Ова го соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол, појаснувајќи дека средбата се одржала во четврток, 11 јули, доцна попладне.

Папата и митрополитот Антониј се сретнаа за прв пат на 5 август 2022 година, кога православниот претставник пристигна во Ватикан за прв пат, по неговото назначување во јуни истата година за наследник на митрополитот Иларион. Потоа повторно се сретнаа на 15 септември 2022 година во Нур-Султан, главниот град на Казахстан, кој Папата го посети каде учествува на Конгресот на поглавари на традиционалните религии.

Митрополитот Антониј повторно го посети Рим на 3 мај 2023 година при што се сретна со неколку раководители на дикастерии на Римската курија, а потоа учествуваше на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар. По тој повод, го поздрави Папата и накратко разговараа. Папата Фрањо, како и секогаш на овие средби, ја бакна неговата Панагија, медалјон со ликот на Богородица, кој источните митрополити го носат на градите.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот