Папата го прими канадскиот премиер

Папата го прими канадскиот премиер

На 29 мај 2017 година папата Фрањо го прими во аудиенција канадскиот премиер Џастин Трудо, кој потоа се сретна и со кардинал Пиетро Паролин, Папски државен секретар и со монс. Паул Ричард Галагер, секретар за односи со државите – соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Во срдечниот разговор се истакнати добрите билатерални односи помеѓу Светиот Престол и Канада, како и доприносот на Католичката црква во општествениот живот во таа земја.

Потоа разговорот беше воден на тема интеграција и помирување, како и за слобода на верата, а станало збор и за актуелни етички прашања. На крајот – во поглед на неодамна завршениот Г 7 самит – се разгледани некои прашања од меѓународен карактер, со посебен акцент за состојбата на Блискиот Исток и други кризни подрачја.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот