Папата Фрањо ги повика медицинските сестри и здрвствените работници да ја остваруваат незаменливата задача на хуманизација во растресеното општество – обраќајќи се на претставниците од италијанскиот Национален сојуз на професионален медицински персонал, со кои се сретна на 3 март 2018 година.
Опишувајќи ги медицинските сестри и здравствените техничари како експерти за човештвото, папата Фрањо напомена дека се повикани да ја остваруваат незаменливата задача на хуманизација во растресеното општество кое премногу често ги остава слабите луѓе на маргините и кое се интересира само за оние кои се „вредни за труд“ или кои одговараат на критериумите на ефикасноста или заработката. Овие зборови Светиот Отец ги упати до 6500 претставници од италијанскиот Национален сојуз на професионален медицински персонал, кои се сретнаа со Папата, на 3 март 2018 година по повод нивниот конгрес кој во Рим треба да се одржи ова недела. Додаваме дека спомнатата организација брои околу 450 илјади членови.
Потсетувајќи го медицинскиот персонал на четирите основни задачи од етичкиот кодекс за медицински сестри и здрвствените техничари, имено да се промовира здравјето, превенцијата од болести, враќањето на здрвјето и ублажување на стрдањето, Папата рече дека нивниот професионализам се покажува не само на техничкото подрачје, туку уште повеќе на подрчјето на човечките односи. Тоа е затоа што доаѓајќи во контакт со лекарите, семејствата и пациентите во болниците, местата за лекување и во домовите, значи се наоѓате на раскрсницата на илјадници односи. Светиот Отец рече дека токму во таа синтеза нивните технички способности и човечката чувствителност се покажува во целосната вредност и скапоценоста на нивната работа.
Папата Фрањо потоа потсети на сцената од Евангелието според Матеј во кое Исус го лекува лепрозниот, истакнувајќи ја притоа важноста на физичкото допирање на болните за да ја отстраниме далечината и да им овозможиме на болните да ја доживеат Божјата нежност и близината. Нежноста е всушност клучот за разбирањето на болните, а исто така скапоцен лек за лекување – рече Папата и ја истакна важноста за „медицина на нежноста“. Допирот или насмевката се полни со значење за болниот човек – продолжи Светиот Отец. Станува збор за едноставни гестови, но тие му овозмоуваат на болниот да се чувствува придружуван и блиску до излекувањето, правејќи го да се чувствува човек, а не само број. Кога тоа ќе го правите – ги поттикна присутните – сетете се на кој начин Исус ги допирал лепрозните: не на растресен, рамнодушен и жален начин, туку на внимателен начин полн со љубов, кој на лепрозниот му помага да се чувствува почитуван и дека им е важен на луѓето.
Освен тоа, Папата зборуваше за ризиците и тешките барања на работата на медицинските сестри и здравствените техничари, поттикнувајќи ги пациентите да ја ценат нивната работа и залагање. Во тој контекст со благодарност се присети на сестра Корнелија Караглио, италијанка доминиканка и медицинска сестра, која го спасила неговиот живот. Светиот Отец раскажа дека како 20 годишник бил близу до смртта, но сестра Корнелија ги поттикнала на лекарите да направат повеќе, што го спасило животот на Папата. Папата Фрањо ја опиша како добра и храбра жена која се осудила да се расправа со лекарите и на крајот се заблагодари на медицинскиот перонал затоа што преку него се спасуваат многу животи.
РВ/к.мк