Папата го посети затворот Regina Coeli во Рим каде се сретна со околу 70 затвореници

Папата го посети затворот Regina Coeli во Рим каде се сретна со околу 70 затвореници

Папата Фрањо, кој сé уште се опоравува од билатералната пневмонија, ниту овој Велики Четврток не се откажа од средбата со затворениците. Денеска, 17 април 2025 година, во попладневните часови, тој на изненадување на сите отиде во затворот Regina Coeli во Рим.

Пристигнувајќи во затворот, „беше пречекан од директорката Клаудија Клементи и персоналот и влезе во главната ротонда, каде што ќе одржа средба со околу 70 затвореници“, стои во официјалното соопштение објавено од Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Според информациите, Папата пристигнал во затворот пред 15:00 часот.

Директорката во краток говор ја изрази благодарноста на целата заедница за посетата на поглаварот на Црквата. Во својата кратка честитка, папата Фрањо повторно ја повтори желбата да биде меѓу затворениците: „Сакам да го правам секоја година она што го правеше Исус на Велики Четврток, миење нозе, во затвор“, рече Папата, кој исто така призна дека оваа година не е возможно да го направи овој сакан обичај: „Но, можам и сакам да бидам блиску до вас. Се молам за вас и за вашите семејства“.

По заедничката молитва и личен поздрав со сите присутните, папата Фрањо го напушти затворот околу 30 минути по неговото пристигнување и се врати во Ватикан.

Светиот Отец беше во истиот римски затвор во 2018 година каде служеше Господовата вечера со традиционалниот обред на миење нозе на 12 затвореници.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот