Во поздравите по Генералната аудиенција во среда, 30 ноември 2022 година, по повод празникот Свети Андреј, папата Фрањо го спомена заштитникот на црквата во Цариград и братот на апостол Петар. Обраќајќи му се на вселенскиот патријарх, тој молеше за единство на Црквата и свет без војни.
На денот кога црквата го одбележува споменот на свети Андреј, брат на Симон Петар и заштитник на црквата во Цариград, папата Фрањо, како дел од поздравите што следеа по катехезата на Генералната аудиенција ја изрази својата посебна наклонетост „кон драгиот брат патријарх Вартоломеј I и целата Црква во Цариград“, каде по обичај отпатува делегацијата на Светиот Престол.
„Застапништвото на светите браќа апостоли Петар и Андреј наскоро нека и овозможи на Црквата во полнина да ужива во единството во себе и мир во целиот свет, а особено во овој час на милата и напатена Украина, која е секогаш во нашите срца и во нашите молитви“, посака Папата.
Свети Андреј нека „нѐ научи да го бараме Месијата во секој момент од нашиот живот и со радост да го навестуваме на сите околу нас“, додаде папата Фрањо во својот поздрав до поклониците кои зборуваат шпански.
Ватикан њуз/к.мк