Папата го осуди терористичкиот напад во Могадишу

Папата го осуди терористичкиот напад во Могадишу

Светиот Отец на крајот од Генералната аудиенција на 18 октомври 2017 година го осуди терористичкиот напад во Могадишу, главниот град на Сомалија, во кој настрадаа повеќе од 300 луѓе, а меѓу нив и деца, и ја изрази својата тага заради минатонеделниот масакр.

Папата рече дека тој терористички чин заслужува најжестока осуда, исто така и заради тоа што погодува население кое веќе многу страда. Папата Фрањо истакна дека се моли за загинатите, ранетите, за нивните семејства и целиот сомалиски народ. Се молам за преобраќање на сторителите на насилството и ги охрабрувам оние кои работат за мирот во таа измачена земја – заврши Папата.

На 14 октомври 2017 година, загинаа повеќе од 300 лица, кога во центарот на Могадишу експлодираа две автомобилски бомби. Станува збор за најсмртоносниот напад во таа африканска земја во изминатите 10 години. Се стравува дека бројот на жртвите ќе порасне, бидејќи сè уште се трага по исчезнатите. Иако сè уште никој не преземал одговорност за нападот, сомалиските власти се сомневаат дека за нападот се одговорни припадниците на исламистичката група Ал-Шабааб која е поврзана со Ал-Каеда. Станува збор за група која води бунт против признаената влада во Сомалија која ја поддржува ООН и Африканската унија, настојувајќи притоа да се наметне фундаменталистичкото толкување на исламот.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот