Папата го именува Луиџи Карбоне за директор на Управата за здравство и хигиена на државата Ватикан

Досегашниот заменик-директор на институцијата одговорна за заштита на јавната хигиена и здравје на територијата на државата Ватикан ќе ја преземе функцијата на 1 август.
Папата Лав XIV го именува Луиџи Карбоне за директор на Управата за здравство и хигиена на државата Ватикан, тело одговорно за обезбедување заштита на јавната хигиена и здравје во Ватикан. Сегашниот заменик-директор на институцијата, д-р Карбоне, кој беше медицински советник на папата Фрањо и го придружуваше за време на неговата болест, ќе ја преземе функцијата на 1 август. Тој ќе го наследи професорот Андреа Арканџели, директор од 1 август 2020 година, кој овој месец полни 70 години.
„Да се биде именуван од Папата е, пред сè, голема чест,“ рече д-р Луиџи Карбоне. „Со тоа сфаќам колку е сериозна задачата што ми е доверена и не е само одговорност, туку и знак на голема доверба од Светиот Отец. Да те повика Папата лично да извршиш важна и деликатна задача значи дека мораш да ѝ пристапиш со сериозност, почит и одговорност. Тоа е доверба што мора да се оправда,“ нагласи д-р Карбоне.
Ватикан њуз/к.мк