Папата Фрањо го именува надбискупот на Лумсембург кардиналот Жан-Клод Холерих за главен релатор на следната редовна Генерална Епископска синода, објави на 8 јули Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Редовна Генерална Епископска синода за тема го ности насловот: „За синодална Црква: заедништво, учествување и послание“. На синодата и претходи долго време на подготовка која започнува на 9 и 10 октомври оваа година. Синодата ќе има најпрво епископска фаза и ќе биде истовремено отворена во Рим и во партикуларните Цркви. Предвидени се два Instrumentum laboris, конечната фаза на ниво на сеопшта Црква ќе се одржи во октомври 2023 година.
Ватикан њуз/к.мк