Во петок вечерта, 1 април 2022 година како и во пресрет на секое свое апостолско патување, папата Фрањо отиде во римската базилика Света Марија Велика за да се помоли на Дева Марија, пред иконата Maria Salus Populi Romani. Своето 36.о патување надвор од Италија го довери под заштита на Богородица. Откако заврши со молитвата Светиот Отец се врати во Ватикан.
За два дена, во Малта, Папата ќе одржи пет говори, почнувајќи од сабота наутро во палатата на Големиот мајстор во Валета, каде ќе се обрати до властите на Малта и дипломатскиот кор, по што ќе следи молитвена средба во богородичното светилиште Та’Пину на островот Гозо. Во недела папата Фрањо ќе се сретне со Исусовците од Малта на приватен средба, а потоа ќе се моли во пештерите на Свети Павле во Рабат. Претпладнето, ќе служи света миса во Piazzale dei Granai во Флоријана, проследена со молитвата Ангел Господов, а попладне ќе го посети на мигрантскиот центар „Иван XXIII мировна лабораторија“, каде Светиот Отец ќе се сретне со околу двесте луѓе, главно од Африка.
Ватикан њуз/к.мк