Папата: Господ бара од нас да бидеме вистинити во срцето

Папата: Господ бара од нас да бидеме вистинити во срцето

Нека Господ ни ја даде благодатта на „внатрешна вистина“, молеше папата Фрањо во текот на светата Литургија, во домот Света Марта на 20 октомври 2017 година.

Нека Господ ни ја даде благодатта на „внатрешна вистина“, молеше папата Фрањо во текот на светата Литургија, во домот Света Марта на 20 октомври 2017 година, повикувајќи се на делот од Посланието до Римјаните, во кое се поттикнува со чинот на верата да се присоединиме со Бог и толкуваше што е „вистинска прошка Божја. Таа е „бесплатна“, доаѓа од неговата милост и волја, а не според нашите дела како што ние мислиме.

„Нашите дела се одговор на бесплатната Божја љубов,“ која нè оправдува и секогаш ни простува. А нашата светост е токму да го примаме секогаш тоа простување. Господ е оној кој ни го простил прародителскиот грев и кој ни простува секој пат кога ќе дојдеме кај Него. Не можеме сами на себе да си ги простиме сопствените гревови со своите дела, само Тој простува. Ние можеме да одговориме со своите дела на тоа простување, рече Папата.

Во денешното Евангелие, продолжи Светиот Отец, Исус ни помага да разбереме „еден друг начин како да бараме оправдување“, ги става пред нас оние кои се сметаат за праведници заради впечатокот кој го даваат за себе.“ Тие кои знаат да се преправат, како да се светци, тие се лицемерни, толкува папата Фрањо. Во нив сè е валкано, но страшно сакаат да „остават впечаток“ дека се праведни и добри, покажувајќи се како постат, молат и дават милостиња. Но, во нивните срца нема ништо, го нема важното, нивниот живот е лицемерен, нивната вистина е празна.

Тие ја маскираат душата, живеат од измама, светоста за нив е измамата. Исус секогаш бара од нас да бидеме вистинити, но вистинити во срцето и ако нешто поскуваме кон надвор, нека тоа биде вистината која е во срцето. Затоа е добар овај совет: „кога се молиш, прави го тоа тајно; кога постиш, прави така никој да не го види тоа на твоето лице; и кога даваш милостиња, нека твојата лева, не знае што прави твојата десна рака; прави го тоа тајно,“ рече Папата.

Нивното оправдување е привид, додава Светиот Отец, меурите од сапунот кои денес ги има, а утре ги нема. Исус бара од нас доследност во животот, поврзаност помеѓу она што го правиме и она што го живееме во себе. Лагата нанесува голема штета, лицемерите прават големо зло, тоа е начин на живеење. Во псалмот молевме за милоста на вистината пред Господ. Убаво е тоа што го молевме: Но јас го познав гревот мој и не го сокрив беззаконието свое, па реков: „Ќе ги исповедам на Господа моите престапи,“ и Ти ми го прости гревот мој. Вистината секогаш треба да ја ставиме пред Бог, секогаш. И таа вистина пред Бог е таа која отвора простор за Господ да ни прости.

Лицемерието станува обичај. Патот на кој нè насочува папата Фрањо е оној да не ги обвинуваме другите, туку да се учиме на мудроста да се обвинуваме самите себе и да не ги сокриваме своите гревови пред Господ.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот