Папата Фрањо на 19 февруари 2021 година се сретна во Ватикан со раководството и фудбалерите на италијанскиот фудбалски клуб Сампдорија, основан во 1946 година. Во својот поздрав, Папата потсети дека „не може да се напредува сам“, туку „секогаш како тим“.
„Не подготвив посебен говор. Само би сакал да ви кажам дека сум среќен и да ви кажам дека спортот, а исто и фудбалот, е начин на живот, зрелост и светост. Продолжете.“ Со овие зборови, Папата им се обрати на раководството и играчите на фудбалскиот тим Сампдорија, кои ги прими во аудиенција во Ватикан. „Но, никогаш не можете да продолжите сами, туку секогаш со тимот, секогаш со тимот, тоа е важно“ – истакна папата Фрањо. „Би сакал да потенцирам две работи: првата е дека во тимот сè се прави како тим. Најдобри победи се оние на тимот. Кај нас (н.з. во Аргентина) фудбалерот кој игра за себе, велиме дека „ќе ја изеде топката“: ја зема топката и не гледа на другите. Не. Секогаш во тим. Втората работа: не заборавајте на аматерскиот спорт, кој се раѓа од желба. Ова е важно, другите интереси се споредни,
На говорот на Папата претходеа зборовите на претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро и тренерот на тимот Клаудио Раниери, кои му се заблагодарија на Светиот Отец за приемот. Тимот на Светиот Отец му подари дрес со натпис „Папа Фрањо“ и знаме од Сампдорија како спомен од средбата. Папата ги поздрави сите играчи еден по еден и на крај направија групна фотографија.
Ватикан њуз/к.мк