Папата ги посети гробовите на дон Мацолари и дон Милани

Папата ги посети гробовите на дон Мацолари и дон Милани

Поклоник по стапките на двајца пароси, кои оставиле сјаен, иако за некои непријатен белег со своето служење на Господ и Божјиот народ – така папата Фрањо на 20 јуни се опиша, посетувајќи го гробот на дон Примо Мацолари во Боцола, а потоа и гробот на дон Лоренцо Милани во Барбијани.

Да им се даде збор на сиромашните, бидејќи без зборови нема достоинство. И токму зборот е тој кој преку работа и потполна припадност на Црквата со свесна вера, ќе може да го отвори патот кон полно граѓанство во општеството – рече Светиот Отец, искажувајќи почит во спомен на дон Лоренцо Милани, а по повод 50 години од неговата смрт. Тој бил свештеник – истакна папата Фрањо – кој сведочел како дарувајќи се самиот себе на Христос се сретнуваат браќата во нивните потреби и како и им се служи за да се заштитат и да се промовира нивното човчеко достоинство.

Пред посетата на гробот на дон Милани во Барбијани, Папата го посети гробот на Примо Мацолари во Боцола. Црквата да не ги занемарува пастирите како што е дон Примо, “непријатен“ свештеник кои живеел блиску со сиромашните и секогаш ги барал оние „далечните“ – рече папата Фрањо во црквата Свети Петар, каде што дон Мацолари бил парох. Во таа прилика кремонскиот бискуп Антонио Наполиони го најави започнувањето на процесот за беатификација на дон Примо Мацолари, кој ќе започне на 18 септември оваа година.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот