На крајот од катехезата на Генералната аудиенција во среда 3 август 2022 година, папата Фрањо упати посебен поздрав до младите учесници на летниот ораториум организиран во ѕидините на Ватикан, под раководство на дон Франко Фонтана.
„Досега беа тивки“, забележа Папата, поздравувајќи ги младите во првиот ред во салата Павле VI, „но јасно е дека прават врева во друштво на своите родители и аниматори, на кои им благодарам за нивната вредна работа“.
Светиот Отец му упати посебна благодарност на свештеникот и координатор на иницијативата, Салезијанецот Дон Франко Фонтана, „духовната душа на Ватикан“, кој успеа да го посее тоа семе и да започне летен камп за децата на вработените во Ватикан веќе трета година по ред.
Ватикан њуз/к.мк