За време на неделната средба со ходочесниците, папата Фрањо ја поздрави групата од Украина, повикувајќи го светот да не ги заборави страдањата на украинскиот народ, а исто така ја изрази својата поддршка за меѓународните напори за воспоставување мир во Светата Земја и Украина.
„Слава Ісусу Христу! (Слава на Исус Христос!)“ – од усните на папата Фрањо до целиот свет прозвучи христијанскиот поздрав на украински јазик по молитвата Ангел Господов во недела, 9 јуни 2024 година. Поздравувајќи ги ходочесниците кои се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан, тој упати посебен поздрав до претставниците на католичката гимназија Свети Иван Павле II од Киев.
„Ве поздравувам, Римјани и ходочесници од многу земји, посебно професорите од гимназијата Свети Иван Павле Втори од II, Украина – „Слава Ісусу Христу! (Слава на Исус Христос!)“ – на кои им упатувам охрабрувачки зборови во нивната воспитно-образовна мисија во овој многу тежок и мачен период“, рече Светиот Отец.
Но, пред да ги поздрави ходочесниците, Папата ги насочи своите мисли кон оние делови од светот каде што продолжуваат војните. „Задутре во Јордан ќе се одржи меѓународна конференција за хуманитарната ситуација во Газа, свикана од кралот на Јордан, претседателот на Египет и генералниот секретар на ОН.Заблагодарувајќи им се за оваа важна иницијатива, ја охрабрувам меѓународната заедница да дејствува итно, на сите можни начини, за да му помогне на населението во Газа, кое е уморно од војната. Хуманитарната помош мора да пристигне до оние на кои им е потребна, никој не смее да ја спречи“, нагласи Светиот Отец, потсетувајќи во контекст на тоа дека ден пред тоа беше десетгодишнината од молитвата за мир во Ватикан, во која учествуваа тогашните претседателите на Израел и Палестина. „Оваа средба покажува дека е можно ракување и дека мирот бара многу повеќе храброст отколку војна. Затоа, ги поддржувам тековните преговори меѓу страните, дури и ако тие не се лесни, посакувајќи мировните предлози за прекин на огнот на сите фронтови и за ослободување на заложниците веднаш да бидат прифатени во корист на Палестинците и Израелците“, додаде Папата.
„И да не заборавиме на маченичкиот украински народ, кој се повеќе страда и се повеќе копнее за мир. Ја поздравувам украинската група со знамиња што стојат таму“, продолжи Папата, покажувајќи на групата професори од Киев, ветувајќи ја неговата близна и изразувајќи поддршка за „сите напори што се прават за да може мирот да се изгради што е можно побрзо со меѓународна помош“. „И да не заборавиме на Мјанмар“, додаде Светиот Отец.
Ватикан нуз/к.мк