После молитвата Ангел Господов во недела 21 ноември 2021 година, Светиот Отец потсети дека денешниот Светски ден на младите на епархиско ниво за првпат се одбележува на празникот Христос Цар и им посака на сите млади луѓе во светот да се чувствуваат како жив дел од Црквата, протагонисти на неговото послание. Тој потоа ги охрабри иницијативите на Обединетите нации за постигнување поголема контрола врз трговијата со оружје, а осврнувајќи се на Светскиот ден на рибарството што се одбележува денеска, се молеше за сите рибари кои живеат во тешки услови, а понекогаш и на принудна работа.
Светиот Отец се спомна и се помоли за жртвите во сообраќајот, на денот посветен на нив, барајќи поголем ангажман во превенцијата од несреќи. На крајот го спомна новиот полски блаженик, свештеникот Јан Францишек Маха, маченик, убиен од омраза кон верата во 1942 година, за време на нацистичкото прогонство на Црквата, а кој вчера беше прогласен за блажен.
Ватикан њуз/к.мк