За време на Генералната аудиенција во среда 10 февруари Папата ги повика верниците во светот да бидат знак на помирување и братство.
„Во општество постојано растргнато од противења и поделби бидете знак на проектот на помирување и братство кои своите корени ги имаат во Евангелието и неизбежната помош во молитвата“ – рече Папата во своето обраќање до верниците од италијанското говорно подрачје на крајот од редовната Генерална аудиенција во среда.
Спомна дека утре се слави литургискиот спомен на Блажена Девица Лурдска. „Ви посакувам да ја наследувате Мајка Божја во полна расположливост за вршење на Божјата волја“ – рече.
Ватикан њуз/к.мк
Категорија:
Ватикан