Во понеделник 28 јануари 2019 година папата Фрањо обезбеди 1.300 влезници за бездомници, сиромашни, семејства во потреба, бегалци, затвореници и волонтери за Аудиториумот Кончилијационе во Рим како ќе ја погледнат мултимедијалната претстава „Последниот суд – Микеланџело и тајните на Сикстинската капела“.
Во организација на Апостолската милостилница тие ранливи групи ќе можат да го следат величествениот спектакл за постанокот и деталите на ремек делата на Микеланџело познати и као „Библија на сиромашните“. Премиерно е прикажана на 16 март минатата година, а е дело на продуцентот Марко Балиќ, италијанец со потекло од Далмација, познат како режисер на церемониите за отворање и затворање на повеќе Олимписки игри. Едночасовната претстава во четири дела е прв производ на Балиќ со продукциската куќа „Артаинмент“ која со спојување на уметноста и забавата настојува да ги образува и забавува гледачите.
Спектаклот со поглед од 270 степени и 4 ДХ технологија доби високи оцени од публиката и критиката, а се состои од изведба во живо, врвни специјални ефекти, музика, игра и глума. Музиката ја напиша Стинг, кој по тој повод во Ватикан во август минатата година се сретна и со папата Фрањо. За стручни совети задолжени беа Ватиканските музеи.
Инаку почетната цена на влезниците е 18 евра, а претставата со десет прикажувања седмично ќе се изведува цела година. Апостолската милостилница на чело со крадинал Конрад Крајевски често организира вакви настани за сиромашните
Ватикан њуз/к.мк