Папата ги изненади младенците и ја предводеше светата Тајна Венчание

Папата ги изненади младенците и ја предводеше светата Тајна Венчание

Папата Фрањо во саботата на 14 јули изненади припадник на швајцарската гарда и неговата идна жена Бразилка, така што ненадејно се појави во сакристијата пред славењето на Женидбата и одлучи да ги венча.

Изненадување!

Ниту парот, ниту оние неколкумина кои учествуваа на обредот не знаеле за изненадувачкиот потег на Папата – рече бразилскиот свештеник отец Ренато дос Сантос кој присуствуваше на свеченоста. Свештеникот влегол во сакристијата на црквата Свети Стефан Абесинсиски во Ватикан за да се подготви за славењето кога го изненадил папата Фрањо кој се смеел и седел чекајќи го.

Никогаш во животот не сум помислил дека Папата ќе го најдам во сакристијата – рече отец дос Сантос во разговор за Ватикан њуз. Бразилскиот свештеник рече дека луѓето во црквата исто така биле зачудени и се прашувале дали тој е навистина папата Фрањо. Го видов како вистински парох кој се грижи за своите овци во парохијата – рече бразилскиот свештеник и додаде: Тој секогаш делува на тој начин.

Три глаголи за успех на бракот

Проповедта на Светиот Отец се засновала на три глаголи: „започни“, „запри се“, „продолжи го патувањето“ кои како што објасни папата Фрањо се потребни за да може во полнота да се живее бракот. Папата покажа колку е важен бракот – рече отец дос Сантос и додаде: Тој има голема љубов кон таа света Тајна со која започнува семејството и која во центарот сака да го стави Бог.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот