На крајот од светата свечена Литургија на плоштадот Свети Петар предводена од продеканот кардинал Сандри, Светиот Отец папата Фрањо со своето присуство ги изненади присутните верници на плоштадот.
„Среќни Цветници и Среќна Света недела!
Овие зборови ги кажа папата Фрањо на 13 април 2055 година од надворешниот нартекс на базиликата Свети Петар, по светата Литургијата за Цветници. Папата остана десетина минути поздравувајќи ги верниците.
Претходно, на плоштадот Свети Петар, продеканот кардинал Сандри, овластен од Папата, ја водеше светата Литургија за празникот Цветница и почетокот на Страдањата Господови. Прославувањето на влегувањето на Исус во Ерусалим со благослов на палми и маслинови гранчиња претходи на обредите на Страсната седмица.
Ватикан њуз/к.мк