Папата ги благослови семејства собрани во Даблин

Папата ги благослови семејства собрани во Даблин

Папата Фрањо испрати видео порака до народот на Ирска во пресрет на неговата Апостолска посета по повод Светската средба на семејств истакнувајќи на англиски јазик „Воодушевен сум од помислата дека ќе се вратам во Ирска.“

„Воодушевен сум од помислата дека ќе се вратам во Ирска!“ – истакна папата Фрањо во видео пораката објавена во вторник вечерта. Во видео пораката љубезно ги поздравува сите луѓе во Ирска само на неколку денови пред неговата Апостолска посета, за да биде дел од Светската средба на семејствата.

Папата го нарече Светскиот ден на семејствата „прослава на убавината на Божјиот план за семејството.“ Исто така тоа е – рече тој – можност за семејствата од целиот свет за да се сретнат и да се поддржат меѓусебно во нивниот посебен повик.

„Семејствата денес се соочуваат со многу предизвици во нивниот повик во нивните напори за „овоплотување на верната љубов, за подигнувањето на децата со здрави вредности и да бидат „квасец на добрината, љубовта и взаемната грижа“- истакна Папата во видео пораката.

Папата рече дека се надева дека Светската средба на семејства ќе биде „извор на обновено охрабрување“ за семејствата од целиот свет, посебно оние семејства кои ќе бидат во Даблин. Тој потсети дека семејството игра важна улога во креирањето на „подобра иднина за младите луѓе.“ Иднина изградена на сегашноста и иднината на двете – „на младите и на бабите и дедовците,“ рече тој.

Папата Фрањо изрази желба „да ги прегрне сите членови на Ирските семејства,“ во текот на неговиот престој во Ирска. Папата се надева дека „ќе се зголемат единството и помирувањето“ и тоа ќе биде знак на тој мир „што е Божјиот сон за целото човечко семејство.“ Потоа Папата им се заблагодари на сите кои ја подготвуваат неговата посета и побара да се моли за таа средба да биде момент на радост и спокојство, милување на Исусовата нежна љубов.“ Папата ја заврши своја порака барајќи да се молат за него, давајќи го својот срдечен поздрав.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот