Папата: Во јаслите, меѓу мирот, сиромаштвото и напуштеноста, се наоѓа вистинскиот вкус на Божиќ
Во објава на платформата X, Папата охрабрува да се земе предвид приказот на раѓањето на Исус: вистинскиот дух на празникот се наоѓа во убавината затоа што сме сакани од Бога
Во овие денови во кои Црквата го живее божиќниот литургиски период, јаслите се знак par excellence, како што го дефинираше папата Фрањо во апостолското писмо Admirabile signum од 2019 година, во кое размислува за значењети и вредност на божиќните пештери. На, 30 декември 2024 година, Папата со објава на Платформа Х повикува да застанеме пред јаслите и да погледнеме во светлината и мирот, сиромаштвото и отфрлањето на Христовото доаѓање. Од неговиот профил @Pontifex, Светиот Отец охрабрува да влеземе во „вистински Божиќ со пастирите“, за да му донесеме на Исус тоа што сме, бидејќи во Исус може да се вкуси вистинскиот дух на Божиќ: убавината да се биде сакан од Бога.
Да се почувствува вклученоста во историјата на спасение
Јаслите на Христовото раѓање е како живо евангелие кое се излева од страниците на Светото Писмо – пишува папата Фрањо во апостолското писмо „Admirabile signum“ – и размислувајќи за тоа сме повикани да тргнеме на духовно патување, привлечени од Неговата понизност, Кој стана човек за да го запознае секој човек.
Божиќната пештера, која ја измислил свети Фрањо во Гречио во 1223 година, за време на Божиќ наоѓа место во домовите, црквите и на улиците, помага да се оживее историјата живеена во Витлеем и, со своите ликови, различни средини, пејзажи и разни ликови, нè поттикнуваат да се чувствуваме вклучени во историјата на спасението, современици на настан кој е жив и актуелен во најразновидните историски и културни контексти, и да го „почувствуваме“, „допреме“ сиромаштвото кое Синот Божји го избра во неговото воплотение – додава Папата. Во светиот приказ има повик да го следиме Христа по патот на понизноста, сиромаштвото, бедата, кои водат од Витлеемската јасли до Крстот – нагласува папата Фрањо – поттикнувајќи нè да се сретнеме со него и милосрдно да му служиме во нашите браќа и сестрите кои се во голема потреба.
Размислувајте пред божиќната пештера
Сите работи во божиќната пештера имаат свое значење – прецизира Папата во споменатото апостолско писмо кое го посвети на божиќните пештери и истакнува дека ѕвезденото небо нè потсетува на ноќта што понекогаш ги опкружува нашите животи, но каде што Бог е присутен; урнатините на куќите и старите градби кои се видлив знак на распаѓањето на човештвото, на сè што се распаѓа, што е расипано и тажно, но за што Исус дојде да го исцели и обнови; или сиромашните и питачите кои нè потсетуваат дека Бог станува човек за оние кои најмногу ја чувствуваат потребата од неговата љубов и ја бараат неговата близина. Покрај тоа, божиќните пештери се повик, место за средба, размислување, медитација. Исто како што Светиот Отец им посочи на вработените во Ватикан на 21 декември, упатувајќи им честитки за Божиќ и охрабрувајќи ги да најдат време да застанат заедно околу јаслите за да му се заблагодарат на Бога за неговите дарови и да побараат помош од него за иднината. Размислувањето пред јаслите е и можност за обнова на меѓусебните чувства пред Детето Исус – забележува папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк