На 10 март 2017 година, Ватикан најави дека папата Фрањо во септември оваа година ќе ја посети Колумбија.
„Прифаќајќи го повикот на претседателот на Републиката, Хуан Мануел Сантос и колумбиските епископи, Светиот Отец од 6 до 11 септември 2017 година ќе ја посети Колумбија, и притоа ќе ги посети градовите Богота, Вилависенцио, Меделин и Картагена. Програмата за патувањето ќе биде објавена наскоро,“ пренеусва од Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Истовремено во главниот град на Колумбија, Богота е одржана прес-конференција на која е најавена апостолската посета на Папата на таа земја. На конференцијата учествуваа апостолскиот нунциј во Колумбија, надбискупот Еторе Балестреро, колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос, претседателот на Колумбиската епископска конференција, надбискупот Луис Аугусто Кастро Кирога и надбискупот на Богота, кардинал Рубен Салазар. Во текот на конференцијата е претставено логото на патувањето, кое го содржи и мотото на апостолската посета на Папата: „Да го направиме првиот чекор“ (на шпански Demos el primer paso), а во придружната порака на колумбиските епископи стои дека оваа посета претставува повик сите Колумбијци да го направат првиот чекот во градењето на мирот со помош на папата Фрањо, „мисионер на помирувањето.“
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк