На крајот од Генералната аудиенција во среда, 12 октомври 2022 година, по катехезата, Папата упати нов апел за прекин на војната во Украина, повикувајќи на прекин на „ураганот на насилството“.
Овие денови моето срце постојано е со украинскиот народ, особено со жителите на местата каде што беа извршени бомбардирањата. Во себе ја носам нивната болка и преку застапништвото на Пресвета Дева Марија во молитва ја прикажувам на Господа. Тој секогаш го слуша плачот на сиромашните кои го повикуваат. Нека неговиот Дух ги преобрази срцата на оние кои ја имаат судбината на војната во свои раце, за да може да заврши ураганот на насилство и да се обнови мирниот соживот во правда, рече Папата во својот апел на Генералната аудиенција.
Ватикан њуз/к.мк