Папата во разговор со студентите: На насилството треба да се одговори со активно ненасилство
Папата Фрањо повеќе од еден час разговараше со студенти од Северна, Јужна и Централна Америка. Драмата на миграцијата, грижата за сѐ што е создадено и Синодалната црква беа главни теми на разговор.
Ненасилството, мигрантите, животната средина, односите со постарите и новите технологии се темите за кои папата Фрањо на 24 февруари 2022 година повеќе од еден час разговараше на интернет со студенти од од Северна, Јужна и Централна Америка. за време на синодалната средба насловена „Градење мостови север-југ“. Разговорот започна со воведна молитва упатена до Богородица, Царицата на мирот, да ги заштити Украина, семејствата, младите и жртвите од нападите што започнаа во таа земја. Настанот го организираше Одделот за теологија на Универзитетот Лојола, Исусковски универзитет во Чикаго, во соработка со Папската комисија за Латинска Америка.
Папата го осуди насилството кое „уништува“, како што покажаа диктатурите низ историјата, а потоа го цитираше Ганди: „Тешко е да се сврти другиот образ. Добрина е една од најубавите човечки работи.“
Ватикан њуз/к.мк