Папата во пресрет на Зимските олипмиски игри: Инклузивниот спорт е вистинскиот златен медел
Светиот Отец упати поздрав до учесниците на претстојните Зимски олимписки и параолимписки игри и изрази задоволство што новото гесло ја поттикнува културата на братство.
Папата Фрањо срдечно ги поздрави учесниците на претстојните Зимски олимписки и параолимписки игри кои ќе се одржат во Пекинг од 4 февруари до 4 март. На Генералната аудиенција Светиот Отец упати желби за успех на организаторите и спортистите.
Спортот со својот универзален јазик може да гради мостови на пријателство и солидарност меѓу луѓето и народите во секоја култура и религија, истакна Светиот Отец.
Папата ја поздрави одлуката на Меѓународниот олимписки одбор на традиционалното гесло „Citius, Altius, Fortius“ – Брзо, високо, силно“ да го додаде зборот „Communiter“ – „заедно“. Тоа е целта: заедно да се работи на тоа светот да биде сѐ повеќе братски, рече папата Фрањо. Меѓународниот олимписки одбор одлуката за промена на геслото ја донесе во јули 2021 година со цел да се препознае обединувачката сила на спортот и важноста на солидарноста.
Папата се потоа осврна на светот на параолимпискиот спорт. Заедно ќе го освоиме најважниот медал ако пример на спортист со инвалидитет им помогне на сите да ги надминат предрасудите и стравовите и нашите заедници ги направат погостољубиви и поинкузивни. Тој е вистинскиот златен медал, истакна Папата.
Со внимание и возбуденост ги следи спортистите и спортистките кои се во прогонство, призна Папата. Нека нивното сведоштво помогне да се поттикне цивилното општество да се отвора за се поголема доверба кон сите, не оставајќи никого зад себе, рече, посакувајќи „големо олимписко и параолимписко семејство“ единство искуство на човечкото братство и мир.
Ватикан њуз/к.мк