Папата Фрањо пристигна во Едмонтон. Авионот со кој леташе заедно со неговата придружба и новинарите слета синоќа на меѓународниот аеродром во главниот град на канадската провинција Алберта, првата станица од 37. меѓународно апостолско патување во Канада. За денеска се закажани два настани.
Најпрво Папата во 18.00 часот по средноевропско време, ќе го посети домородното население во резерватите Масквачи, сто километри јужно од Едмонтон; а по полноќ во црквата „Пресвето Срце“ ќе се одржи уште една средба со месното население во присуство на парохиската заедница.
„Одиме заедно“
Пораката за помирување, извинување, простување и утеха, која папата Фрањо ја носи во оваа земја, сака да биде упатена до сите реалности на канадското општество и тоа на пат кој нужно мора да се оди заедно. Токму тоа е и тема за ова патување: Одиме заедно (‘Marcher Ensamble – Walking together’) изразена на двата официјални јазици во Канада – француски и англиски. Ова заедничко одење е започнато во Ватикан, во април годинава, кога Светиот Отец во Ватикан прими неколку групи домородни народи.
Ватикан њуз/к.мк