Средба на принцот Алберт II. и принцезата Шарлин со Папата, кој ги прими во Апостолската палата во Ватикан, траеше околу половина час.
Библиотеката на Апостолската палата во Ватикан во среда 20 јули 2022 година беше место на средба на папата Фрањо со принцот Алберт II. и принцезата Шарлин. Средбата траше околу половина час, проследен со разговор и претставување на останатите членови од придружбата, пред традиционалната размена на подароци.
Папата Фрањо и подари на монегаската кралска двојка бронзено дело на кое е прикажано како дете му помага на друго да стане, со зборовите „Amare Aiutare“ („Да сакаш да помагаш“), како и Папски документи – овогодинешната порака за мир, Документот за човечко братство и книгата за Statio Orbis од 27 март 2020 година, во издание на Ватиканската издавачка куќа. Принцот Алберт и принцезата Шарлин му подарија на Папата графика на која е прикажана капелата во палатата во Монако.
Ватикан њуз/к.мк